Отворено предвременото гласање за изборите во Викторија

Првите гласови за избор на 60-от Парламент на Викторија можат да се дадат веќе од понеделникот, бидејќи центрите за предвремено гласање ги отворија нивните врати од 9 часот претпладне за државните избори во Викторија 2022.
740 кандидати се номинирани за Парламентот и 454 за Горниот дом – вкупно 1.194 номинации. Ова претставува мало зголемување од 887 кандидати на државните избори во 2018 и рекорден број на кандидати за државните избори.
Низ Викторија се отворени 155 предвремени гласачки центри за гласачи кои претпочитаат да гласаат пред денот на изборите во сабота, 26 ноември.
Викториската изборна комисија (The Victorian Electoral Commission-VEC) очекува повеќе од половината од гласовите оваа година да бидат предвремени гласови, врз основа на минатите трендови, и нуди продолжени часови за предвремено гласање во текот на неколку дена, како одговор на повратните информации од гласачите.
Доколку планирате да гласате за време на предвремениот гласачки период, погледнете кој е номиниран за вашата област и регион и почнете да размислувате за тоа по кој редослед ќе гласате. Во гласачкиот центар нумерирајте ги вашите кандидати според тоа како претпочитате и потоа одвојте време да проверите дека сте ги нумерирале сите кандидате без да повторите или да промашите некој од броевите.
Веб страницата на VEC исто така содржи кратко видео за тоа како точно да ги пополните гласачките ливчиња на 23 различни јазици.
Заменикот комесар Dana Fleming изјави дека телефонското гласање исто така е отворено. “Доколку сте слеп или имате слаб вид, или имате физичка попреченост и ви треба помош за да гласате, можете да гласате телефонски се до 6 часот попладне на денот на изборите“, рече г-ца Fleming.
“Проверете дали разбирате како функционира гласањето по телефон и следете ги инструкциите на гласачкото ливче“, рече г-ца Fleming. “Важно е да знаете како да го дадете својот глас во овие избори“.
Локатор за гласачките центри заедно со информации за пристапност е достапен на веб страницата vec.vic.gov.au

Останати вести