Пандев: Се снимаше документарецза репрезентацијата,но никогаш не се објави

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев гостуваше во шоуто „Еден на еден“ кај Жарко Димитриоски, а минатиот викенд беше објавен и вториот дел од интервјуто.

Пандев помеѓу другото зборуваше и за ситуацијата во Фудбалската федерација на Македонија, дека на гостувањата на македонската репрезентација било поважно во авион да има место за членовите на управниот одбор на ФФМ, отколку за масерите.

Исто така откри и дека се снимал документарец за патот на Македонија до Европското првенство, меѓутоа тој филм никогаш не излегол во јавност.

Според Пандев причината се тој, Стефан Ристовски и поранешниот селектор Игор Ангеловски…

– Имаше снимано филм документарец, со нас одеа сниматели. Се снимаше, но тој филм никогаш не излезе во јавноста затоа што во него беа Горан, Стефан, Мрме…па така се заборави.

Ангеловски бил скоро сменет пред Европското првенство…

– Јас лично застанав позади селекторот затоа што сакаа пред Европското првенство да го сменат, беше скоро сменет. Разговарав јас со претседателот, му кажав дека тоа би било срамно, едноставно се руши атмосфера. Мрме направи една хемија во репрезентацијата, зборуваше Пандев во разговорот.

Останати вести