Параолимпијката Наковска-Бикова златна на СП во стрелаштво!

Најдобрата македонска параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова, оствари нов голем успех, откако дојде до златниот медал на Светското првенство (СП) во стрелаштво во Ал Аин (Обединети Арапски Емирати).

Таа беше најдобра во дисциплината П4-пиштол во слободен избор со резултат 216,5 кругови, односно 1,2 круга повеќе од второпласираниот.

Во финалето Оливера Наковска – Бикова по првите пет истрели се најде на второто место, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и дојде до ново злато, соопштија од Македонскиот Параолимписки Комитет.

Наковска-Бикова беше фантастична во квалификациите со оглед што испука 538 круга, што е нејзин најдобар резултат во кариерата.

Останати вести