Патниците слушнале чуден звук по полетувањето, пилотите се зачудиле кога виделе за што се работи

Голема среќа е што сите патници на 1 јули пристигнаа безбедно на својата дестинација со летот на Емирати за Австралија.

Имено, Ербас А380 на споменатата авиокомпанија летал речиси 14 часа со голема дупка на страната. Така тој полета од главниот центар на Емирати во Дубаи и слета во Бризбејн ноќта на 1 јули.

Пилотите пријавиле изненадувачко откритие кога стигнале таму. Патниците пријавиле дека слушнале силен тресок додека летале над океанот на пат кон Австралија. Пилотот одлучил да го продолжи летот, кој траел 13,5 часа.

Тие ја контактирале контролата на летање на аеродромот во Бризбејн непосредно пред слетувањето и пријавиле дека се сомневаат дека се дупнала гума при полетувањето. Штом слетале, работниците за итна помош биле шокирани кога откриле голема дупка во левата страна на авионот.

А при проверка на леталото, техничарите откриле и уште една одврткана завртка, но се уште не се знае дали овие два настани на леталото се поврзани.

– Се слушна силен тресок и почувствував вибрации низ подот – рече еден патник во разговор за “Курир меил“ во Австралија и додаде:

– Екипажот во кабината остана мирен, ја прекина испораката на храна и се јави на телефон и ги провери крилата и мотори. На почетокот беше апсолутно застрашувачко и кабинскиот екипаж знаеше дека нешто сериозно може да се случило – веднаш беа во контакт со пилотската кабина. Набргу потоа продолжија нормално. Нивната смиреност беше изненадувачка – знаеја дека не е критична ситуација – објави  професорот Ендрју Морис, кој бил на летот.

Останати вести