Повторно зголемени каматните стапки

Резервната банка на Австралија им зададе нов удар на сите што имаат кредит бидејќи повторно ги зголеми каматните стапки.

Во вторникот попладне Резервната банка на Австралија (РБA) ја зголеми стапката на готовина за 25 базични поени, со што ја донесе на 4,10 отсто.

Тоа е значителен скок од историскиот минимум за време на пандемијата од 0,1 отсто во кој Австралијците уживаа повеќе од две години.

Ова е 12-ти пат како банката ги зголемува стапките од мај минатата година и е највисока стапка на готовина во изминатите 11 години.

Сопствениците на хипотекарни кредити се погодени со зголемување од 4% во период од една година, во најбрзиот затегнувачки циклус досега, бидејќи инфлацијата останува тврдоглаво висока.

Просечна големина на кредит во Австралија е $577.000 долари, и за негово сервисирање (рата плус камата) задолжените ќе треба да плаќаат $15.000 долари годишно повеќе во споредба со тоа што ги чинело во април минатата година.

Останати вести