Минатава недела во Спортскиот центар “Илинден“, ФК Рокдаел Илинден официјално ги промовираше младите екипи од 13 до 18 години за претстојната сезона во 2022 година. Вечерта имаше и презентација на новиот фудбалски дрес, на младинските екипи со спонзорите што ќе ги имаат на маиците.
Младинската сезона во Националната премиер лига на НЈВ започнува за нашиот клуб со првата средба на Спортскиот центар “Илинден“ во сабота, на 19 февруари, против Волонгонг Јунајтед
Им посакуваме на сите младински екипи и тренерите успешна сезона. Напред Илинден!


