Годинава 16 клубови од седум австралиски држави и територии ќе се борат за титулата во второто издание на Австралискиот шампионат.
Фудбал Австралија ги потврди четирите групи за Австралискиот шампионат 2026, натпреварување кое по премиерното издание минатата година влегува во својата втора сезона. Во конкуренција ќе настапат 16 клубови од Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Јужна Австралија, Западна Австралија, Тасманија и Австралиската престолнина територија. Меѓу нив се и два македонски клубови Престон Македонија и Бродмедоу Маџик.
Ждрепката носи интересни пресметки, а во секоја група се најдоа по два основачи на натпреварувањето и два клуба кои своето место го обезбедија преку Националните Премиер лиги.
Групата А носи неколку традиционални фудбалски имиња, а особено внимание привлекува дуелот меѓу Саут Мелбурн и Сиднеј Јунајтед 58, клубови со голема навивачка база.
Во групата Б се најдоа претставници од Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Аделаид Сити ќе има можност повторно да се претстави на националната сцена, додека нашата Бродмедоу Маџик ќе се обиде да приреди изненадување.
Ова е група која веднаш привлекува внимание поради пресметката меѓу Маркони Сталионс и Сиднеј Олимпик, две добро познати имиња во австралискиот фудбал. Покрај нив, конкуренцијата ќе ја дополнат Окли Канонс и Бејсвотер Сити.
Групата Д носи интересна комбинација на клубови од Викторија, Нов Јужен Велс, Тасманија и Квинсленд. Престон Македонија ќе биде меѓу клубовите кои ќе го претставуваат македонското фудбалско наследство на националната сцена.
Натпреварите ќе се играат во текот на четири натпреварувачки денови — четврток, петок, сабота и недела, додека целосниот распоред со стадиони, датуми и почетоци на натпреварите ќе биде објавен во наредните недели.
Извршната директорка за фудбал во Фудбал Австралија, Хедер Гарок, истакна дека натпреварувањето од новина во 2025 година сега прераснува во воспоставен дел од австралискиот фудбалски календар.
„Австралискиот шампионат минатата година пристигна како нешто ново. Во 2026 година доаѓа како веќе воспоставено натпреварување, со 16 клубови од седум држави и територии, од Саут Хобарт до Бејсвотер Сити и од Бродмедоу Маџик до Лајонс ФК од Бризбејн“, изјави Гарок.
„Натпреварите кои ќе го дефинираат ова натпреварување се оние кои сè уште немаат историја, и токму тоа е суштината на едно вистински национално натпреварување“, додаде Гарок.
Австралискиот шампионат е замислен како динамично, одржливо и инклузивно натпреварување кое ги почитува традициите на австралискиот фудбал, но истовремено отвора нови можности за клубовите од различни делови на земјата.
Со потврдувањето на групите за 2026 година, националната фудбалска сцена добива уште една можност за создавање нови ривалства, но и за пишување нови страници во историјата на австралискиот фудбал.
Целосниот распоред на Австралискиот шампионат 2026, со стадионите, датумите и термините за сите натпревари, ќе биде објавен во наредните недели.
Група А
Група Б
Група Ц
Група Д