Австралискиот тенисер Марк Полманс беше на чекор од голем успех на Мастер 1000 турнирот во Шангај и само еден поен го делеше од пласман на главниот турнир. Тој во финалето од квалификациите играше против Стефан Наполитано, имаше водство од 1-0 по сетови и 6-5 во тај-брејкот во вториот сет при негов сервис.
Се играше тај-брејкот од вториот сет и Полманс имаше меч топка, но промаши прилично лесен удар на мрежа.
Поради пропуштената прилика реагираше нервозно, и тенисерот со голема сила го удри топчето кое заврши директно во лицето на судијата.
Од поен за победа стигна до дисквалификација поради агресивно однесување. Австралиецот се обиде да се извини, но немаше промена на одлуката, бидејќи правилата се многу јасни.