Минатиов петок Престон Македонија беше елиминирана во полуфиналето на гостувањето кај Хајделберг Јунајтед. На вечерниот натпревар домаќинот беше подобар во првото полувреме и заслужено дојде до водство со головите на Сабит Џејмс во 40` и Бул Џуак во 45 минута од пенал. Единствено во првите 45 минути може да забележиме еден обид на Џонас Марковски, кога со глава се обиде топката да ја испрати во мрежата на Хајделберг.
Во второто полувреме Престон Македонија имаше повеќе од играта но нешто фалеше во завршницата. Како зрак на надеж беше кога во 83 минута во една мешаница пред голот Мат Божиновски намали на 2:1.
На овој болен пораз за Престон Македонија дополнително ќе биде компликувана ситуацијата за клубот поради неспортското навивање на група навивачи кои фрлија светлечки факели на теренот и на моменти непотребно искреа на теренот.
Случајот сега го истражуваат полицијата и Фудбалската федерација на Викторија.
Од Престон Македонија апелираат до навивачите доколку направиле нешто погрешно, да имаат храброст сами да се пријават и да избегнат потешки санкции и доживотни забрани.
Клубот има нулта толеранција и сака да ја обезбеди безбедноста на сите навивачите, играчи и службените лица и нема да дозволи малцинство на хулигани да го нарушуваат интегритетот и угледот на Престон Македонија.
Во другото полуфинале Данденонг Сити направи големо изненадување совладувајки го сезонскиот првак Аводнаел со 0:1. Со тоа во финалето за годинашната титула на Националната премиер лига на Викторија ќе играат Хајделберг Јунајтед и Данденонг Сити.
