По средбата во Софија: Ентузијазам и нова динамика во македонско-бугарските односи

Потпишани се три меморандумa, работните групи ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите, а mешовитата комисија за историски и образовни прашања засилено ќе работи во наредниот период

Со заедничка седница на двете влади  во Софија, Македонија и Бугарија ја интензивираат и зајакнуваат соработката, со цел што поскоро остварувањето на зацртаните задачи и решавање на спорните прашања меѓу двете земји. Премиерите Крил Пертков и Димитар Ковачевсски на прес-конференција по средбата во вилата „Бојана“ во Софија изразија задоволство дека е постигнат напредок и успех уште на првата средба.

– Имаме три реални потпишани меморандуми за важни прашања: земјоделство, мали и средни претријатија и за развој на железничката врска Софија – Скопје. Тоа е новиот пристап со нова енергија и реални резултати. Овие меморандуми имаат за цел економски развој на целиот регион, а граѓаните треба да ги почувствуваат ефектите врз подобрувањето на стандардот во двете земји, рече бугарскиот премиер ои потенцираше дека емногу задоволен од постигнатиот напредок во односите.

Двајцата премиери се децидни дека нема да дозволат актуелните политички кризи во регионот и пошироко да влијаат на процесот.

– Ние сме тука оти не се плашиме од кризи и сме уверени дека можеме да ги решиме, кажа Петков.

И македонскиот премиер Димитар Ковачевски е оптимист.

– Заедно со напредувањето на економската и образовната соработка меѓу двете земји, ќе се решаваат и политичките прашања кои се услов на евроинтеграцијата на Македонија во ЕУ.

Петков: Овој дијалог треба да го замени национализмот

– Кај мене постои голема надеж. Верувам дека овој дијалог, оваа конструктивна работа ќе го замени национализмот, јазикот на омраза, дискриминацијата. Очекувам сето тоа да покаже дека кога имате луѓе од двете страни кои сакаат да направат добрососедство, тоа функционира само со добра работа и со добри цели. Луѓето во двете земји очекуваат реални резултати, тие не очекуваат политички реторика, туку резултати, оцени премиерот на Бугарија Кирил Петков по одржувањето на заедничката седница на владите на Бугарија и Македонија во Софија.

Ова беше втора ваква средба во овој формат, по онаа во 2017 на владите на Заев и Борисов во Скопје.

Премиери кои сакаат ексел-табели и рокови, а еве што ќе сметаат дека е успех

– Успех  е ова што заседаваме во Софија на меѓувладина седница само една недела од нашата прва средба во Скопје, на која се договоривме да работиме на теми што се значајни за граѓаните – подобра соработка, подобра комуникација, засилена економска соработка… Сето тоа треба да не доведе да и покажеме на Европа дека на Балканот може и треба да се соработува. Ќе покажеме дека сме пример за тоа како се соработува. Кирил и јас сме луѓе кои сакаат ексел-табели и сакаат рокови и остварување, рече македонскиот премиер  Димитар Ковачевски.

– Ако сме кажале дека ќе има авионска линија меѓу Скопје и Софија, критериум за успешност е ако следната недела имаме оператори кои од Софија ќе дојдат во Скопје или обратно, каде ќе разговараат за екононсмски најодржливата авионска линија која би се воспоставила и би почнала со комерцијални летови од 1 март, изјави Ковачевски.

– За успех меѓу двете држави ќе се смета и ако во 2023 година бидат реализирани 13 километри пат (од бугарска страна – н.з.) до граничниот премин „Клепало“ и да се отвори овој граничен премин, рече Ковачевски.

Останати вести