Пратеникот Крејг Кели му се извини на Ѓоковиќ: Ова е срам за Австралија

Австралискиот пратеник во сојузниот парламент Крејг Кели му се извини на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во името на Австралија и на австралискиот народ за срамот што го направија политичките власти во земјата.
Тој се извини со видео на „Јутјуб“ зашто ниту една австралиска телевизија не сакала да го пренесе неговото обраќање, а Кели директно ги посочи премиерот на Викторија, Дaниел Ендрјус и прајминистерот Скот Морисон како најодговорни што Австралија е посрамена.
Ѓоковиќ ја доби судската олука да остане во Австралија и да не биде депортиран, иако случајот не е завршен поради дискреционото право на министерот за имиграција Хоук (и покрај судската пресуда тој може да донесе одлука за поништување на визата и депортација). Министерот Хоук рече дека „се уште размислува“ дали да го депортира Ѓоковиќ. Не кажа до кога има намера да размислува.
„Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија, Ендрјус и прајминистерот на Австралија, Морисон. Обајцата се одговорни за ова што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Ова е срамота“, рече Кели.
Пратеник Крег Кели во повеќе наврати ја има подржана нашата заедница и Република Македонија во спорот со Грција, а на последната голема демонстрација во Сиднеј беше еден од говорниците. Неговиот принципиелен став секогаш беше Австралија да го признае уставното име на Македонија.
Австралиските власти на најдобриот светски тенисер ќе треба да му платат судски трошоци и губење на спорот во износ од над 460.000 долари. Судијата Ентони Кели во понеделникот го поништи укинувањето на визата и нареди на австралиската влада да ги плати правните трошоци и за 30 минути да го ослободи Ѓоковиќ од притвор.

Останати вести