Македонското дерби во Првата државна лига на Викторија се одигра минатава сабота, со братска поделба на бодовите. Беа постигнати дури шест голови на интересната средба и се запишаа како стрелци за Сиднам Парк: Гера Билиански 2 и Локлан Џонстон. За Џилонг Македонија голови постигнаа: Џовани Калоси 2 и Денис Далури.
Пред почеток на оваа средба за публиката настапи младата група на МКУД „Јане Сандански“ со сплет ора.
Следното коло, в петок, на 12 април, Сиднам Парк игра во гости кај Јаравил со почеток во 20:30 часот. Следниот ден, во сабота, на 13 април, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Стратмор со почеток во 18 часот.
