Сигурна победа за Сиднам Парк пред домашната публика и заслужено се наоѓа на високото второ место. Гостите први постигнаа гол во 17 минута преку Л. Вита, но нивната радост траеше кратко. Изедначувањето дојде во 22 минута со автогол на И. Милетиќ за 1:1, со овој резултат се замина на одмор.
Во вториот дел се редеа головите на Џеј Харт 50`, Маси Бенџамин 66` и Матју Кундари во 74 минута за 4:1. Конечниот резултат беше поставен со автоголот на Мурнејн во 89 минута за 4:2.
Во петок, на 18 август, Сиднам Парк гостува ва Упфилд со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Алтона Сити 51
Сиднам Парк Македонија 44
Вестгејт 38
Бримбанк Сталионс 36
Витлси Јунајтед 26
Упфилд 22
Јаравил 22
Корајо 20
Витлси Ранџес 20
Стратмор 19
Банјул 19
Кило Парк 16