Лош ден за нашиот клуб кој беше убедливо совладан од секогаш незгодниот Банјул Сити, кој по традиција е мотивиран на домашниот терен да постигне добар резултат. За гол се чекаше до 20 минута кога Том Даниел прв ја затресе мрежата за 1:0. Со овој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме Рајан Киркус во 63 минута зголеми на 2:0. Додека за конечниот резултат се чекаше до 82 минута и него го постави Антон Кинандер за високи 3:0.
Резервите дента играа нерешено со 3:3, и за овој резултат и поделбата на бодовите подмладокот на Сиднам Парк може да жали бидејќи во еден момент имаше водство од 1:3.
Во сабота, на 9 април, Сиднам Парк Македонија ја пречекува екипата на Каролајн Спрингс Џорџ Крос со почеток во 15 часот.