Убедлива и сигурна победа на Сиднам Парк над фенерџијата во лигата. Добредојдени се и трите бода за нашиот клуб кој сега се искачи на деветтото место со шест бодови. На средбата блескаше Зак Лисолајски кој играше до 72 минута, и во тоа време постигна три голa: во 6’, 58’ и 68 минута. На листата на стрелци се запишаа и: Ноам Колаковски во 24`, Емил Дами 77`, Ченг Јо 85 минута и автоголот на Матју Торн во 40`. Гостите единствениот погодок го постигнаа во 58 минута преку Јак Бол.
Во сабота, на 30 април, Сиднам Парк Македонија ја пречекува екипата на Јаравил со почеток во 15 часот.