Прва државна лига на Викторија, 8 коло, Сиднам Парк Македонија – Банјул Сити 7:0

Солидна партија на Сиднам Парк која успеа буквално да ги прегази гостите со резултат што сигурно долго време ќе го паметат. Мрежата прв ја затресе Сем Барбор во 32 минута за 1:0. Потоа следеа головите на Џеј Харт во 37и 89 минута, и Крис Давис со хет трик во 39, 60 и 87 минута. Преостанатиот погодок беше автогол на Шикора во 71 минута за високи 7:0.
Тимот е добар и останува само прашањето дали ова ќе биде годината во која Сиднам Парк Македонија ќе се избори за промоција во Националната премиер лига 3 на Викторија?
Во сабота, на 20 мај, Сиднам Парк гостува кај Стратмор со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА
Алтона Сити 18
Сиднам Парк Македонија 17
Вестгејт 14
Бримбанк Сталионс 12
Јаравил 12
Стратмор 10
Витлси Јунајтед 10
Упфилд 8
Корајо 6
Витлси Ранџес 6
Банјул Сити 5
Кило Парк 3

Останати вести