Забележана е уште една победа на Сиднеј Македонија која полека се приближува кон врвот на табелата. Домаќинот прв дојде до водство во 12 минута преку Оливер Грин за 1:0. Сиднеј Македонија успеа да изедначи на почеток на второто полувреме во 47 минута преку Крис Пејн за 1:1. За водството се погрижи Андреј Пољчиќ во 77 минута кога ја затресе мрежата за 1:2. Конечниот резултат во 90 минута го постави Рет Десилва за 1:3.
Во сабота, на 1 јуни, Сиднеј Македонија гостува кај Нордерн Тајгерс со почеток во 18:30 часот.
ТАБЕЛА
Булс Академи 37
Маунт Друит Таун 36
Сиднеј Македонија 32
Хакоа Сиднеј 30
Кантербури Бенкстаун 25
Интер Лајонс 24
Блектаун Спартанс 24
Нордерн Тајгерс 23
НЈВ Универзитет 21
СД Раидерс 21
Бонириг Вајт Иглс 21
Ридалмер Лајонс 17
Макартур Рамс 15
Дулвич Хич 14
Данбар Роверс 8
Непеан 6