Сиднеј Македонија приреди драматичен пресврт и со два гола во самиот финиш славеше со 2:1 против Кантербури Бенкстаун во натпревар од 26. коло на Првата лига на Нов Јужен Велс.
Натпреварот донесе многу неизвесност и возбудувања. Гостите први поведоа во 60. минута и долго ја чуваа предноста, но во 82. минута останаа со фудбалер помалку поради црвен картон. Бројната предност Сиднеј Македонија знаеше да ја искористи на најдобар можен начин. Следуваше силен притисок, кој беше крунисан со два погодока во 88. и во 92. минута за голем пресврт и заслужена победа од 2:1.
Со новите три бода „лавовите“ од Бенкстаун остануваат во трката за пласман во повисок ранг. Сиднеј Македонија сега се наоѓа на третото место на табелата со ист број бодови како и второпласираниот Нордерн Тајгерс. Со оглед дека само првите две екипи обезбедуваат промоција во повисок ранг за следната сезона, борбата за самиот врв ќе биде исклучително неизвесна до крајот на првенството.
Во следното коло, Сиднеј Македонија ќе гостува кај Хилс Јунајтед. Натпреварот ќе се одигра во сабота, на 1 август, со почеток во 17:00 часот.
ТАБЕЛА
Блектаун Спартанс 56
Нордерн Тајгерс 46
Сиднеј Македонија 46
Макартур Рамс 42
Кантербури Бенкстаун 41
Ридалмер Лајонс 37
Хилс Јунајтед 36
Булс Академи 33
Хакоа Сиднеј 33
Хрствил Загреб 33
Централ Кост Маринерс 27
Њукастел Џетс 26
Дулвич Хил 26
Интер Лајонс 26
Проспект Јунајтед 19
Вестерн Сити Ранџерс 19