Висок пораз во второто коло за нашата Сиднеј Македонија на Џенсен Парк. Гостите од почеток ја презедоа иницијативата со автоголот на М. Гаранг во 8 минута. „Лавовите“ успеаја да изедначат во 22 минута преку Џ. Мекензи на 1:1.
Во второто полувреме се редеа головите на О. Вудвард во 55`, Л. Лојд 66` и З. Вадел во 86 минута за конечните 1:4. По две одиграни кола Сиднеј Македонија е без бодови со лоша гол-разлика од минус пет.
Во среда, на 28 февруари, Сиднеј Македонија гостува кај Маунт Друит Таун Ренџерс со почеток во 19:30 часот.