Прва лига на НЈВ, 22 коло, Сиднеј Македонија – Данбар Роверс 5:0

Убедлива победа забележа Сиднеј Македонија на Џенсен парк над Данбар Роверс кој е веќе сигурен кандидат за испаѓање од лигата. Во првото полувреме беше постигнат само еден гол, во 27 минута од Крис Пајн за 1:0. Но во вториот дел мрежата на гостите постојано се тресеше: Мабио Гаранг 62`, Рет Десилва 66`, Џиани Константино 71` (автогол) и повторно Гаранг во 85 минута за 5:0.

Во сабота, на 6 јули, Сиднеј Македонија гостува кај Дулвич Хил со почеток во 19 часот.

ТАБЕЛА

Маунт Друит 52
Булс Академи 52
Хакоа Сиднеј 45
Сиднеј Македонија 39
Блектаун Спартанс 39
СД Раидерс 32
НЈВ Универзитет 31
Нордерн Тајгерс 29
Кантербери
Бенкстаун 29
Интер Лајонс 28
Бонириг Вајт Иглс 25
Ридалмер Лајонс 20
Макартур Рамс 19
Дулвич Хил 16
Непеан 12
Данбар Роверс 9

Останати вести