Минимална но значајна победа беше остварена минатава сабота на Џенсен Парк во Бенкстаун. Сите голови на средбата паднаа во вториот дел, а прв се запиша како стрелец Џонатан Гроздановски во 47 минута за 1:0. Дваесет минути подоцна Крис Пајн зголеми на 2:0 за Сиднеј Македонија. Гостите успеаја да го ублажат поразот со голот на Џејми Перчевски во 76 минута за 2:1. Во последните моменти од средбата Блектаун Спартанс остана со играч помалку кога во 90 минута Аедон Кајра доби заслужено црвен картон.
Во сабота, на 18 мај, Сиднеј Македонија гостува кај Макартур Рамс со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Маунт Друит Таун 32
Булс Академи 31
Хакоа Сиднеј 29
Сиднеј Македонија 26
Интер Лајонс 24
Кантербури Бенкстаун 23
Нордерн Тајгерс 22
Блектаун Спартанс 21
Бонириг Вајт Иглс 19
НЈВ Универзитет 17
СД Раидерс 17
Макартур Рамс 15
Ридалмер Лајонс 13
Дулвич Хил 11
Данбар Роверс 7
Непеан 5