Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека стабилните односи меѓу Кина и Австралија се во интересот на двете земји и дека тие би требало да ја зајакнат соработката.
Кина и Австралија би требало да го поттикнуваат развојот на страташкото партнерство јакнејќи ги меѓусебното разбирање и довербата, му порача Кси Џинпинг на прајминистерот Ентони Албанезе, првиот австралиски челник кој го посети Пекинг по 2016 година.
„Силните односи (…) ќе бидат од полза во иднина“, му возврати австралискиот прајминистер на кинескиот претседател во Голема сала на народот во центарот на Пекинг.
Ова е втора непосредна средба на Кси и Албанезе, а траела повеќе од еден час. Албанезе ја оцени како „многу позитивна“, додавајќи дека го поканил Кси да ја посети Австралија.
„Треба да соработуваме со Кина онаму каде што можеме, да не се согласуваме онаму каде што мораме и да се вклучиме во нашиот национален интерес. Двајцата се согласивме дека не би смеело да нè дефинираат нашите разлики, дека треба да се признае дека тие постојат, но и заемната полза што ја имаме“, заклучи Албанезе.
Кина и Австралија со децении градеа односи засновани на трговијата. Кина стана најголемиот трговски партнер на Австралија.
Меѓутоа односите се затегнаа откако во 2017 година Канбера ја обвини Кина зе мешање во внатрешната политика на Австралија. Година подоцна австралиските власти, следејќи ги политиките на западните сојузници, во прв ред Велика Британија и САД, ја забранија опремата на кинескиот технолошки гигант „Huawei“ за 5G мрежа поради безбедносни причини.
Повиците на Австралија во 2020 година да се поведе меѓународна истрага за потеклото на пандемијата на ковид-19 и наводно за прикривање од кинеските власти, за чиј епицентар се смета кинескиот град Вухан кон крајот на декември 2019 година, го предизвика гневот на Пекинг, кој одговори со блокада на увозот на некои австралиски стоки.