ПРЕМИЕРОТ РОЏЕР КУК НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Национална премиер лига на ЗА, 11 коло

Стирлинг Македонија – Вестерн Најтс 1:0

Минимална победа за да се фати чекор со горниот дел од табелата. Стрелец на единствениот гол беше Самуел Вини во 26 минута. На овој домашен натпревар на стадионот во Македонија Парк почесни гости беа Роџер Кук, премиерот на Западна Австралија и неговиот заменик Рита Сафиоти. Навистина голем успех на управата на Стирлинг Македонија која го подобри стадионот и успеа да создаде блиски врски со лидерите на најпросперитетната држава во Австралија. 

Минатава седмица тренерот Иан Фергусон замина од својата позиција, а на негово место е назначен Аго Мујиќ. За Мујиќ знаеме дека има богата фудбалска историја како фудбалер и тренер. Тој беше помошник тренер во Перт Глори и беше задолжен за развивање на талентите во А–лигашот.

Во сабота, на 15 јуни, Стирлинг Македонија гостува кај Олимпик Кингсвеј со почеток во 17 часот.

Премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук, со капитените и судиите пред почеток на натпреварот

ТАБЕЛА

Олимпик Кингсвеј 26
Фриментл Сити 25
Перт Ред Стар 23
Бејсвотер Сити 19
Вестерн Најтс 18
Стирлинг Македонија 18
Флореат Атена 17
Армадел 13
Перт 9
Перт Глори 9
Балката 8
Инглвуд 0

Останати вести