Сопственикот на Челси е една од „жртвите“ на воената инвазија на Русија кон Украина. Рускиот милијардер Роман Абрамович се соочува со големи проблеми поради санкциите од страна на Велика Британија.
Најнов удар за првиот човек на лондонскиот клуб е тоа што Одборот на Премиер лигата го дисквалификува Абрамович како директор на фудбалскиот клуб Челси.
Одлуката на Управниот одбор нема да го спречи тимот да продолжи да тренира и да ги игра натпреварите, како што е наведено во условите на лиценцата издадена од Владата која истекува на 31 мај 2022 година.
Русинот очајно сака да го продаде англискиот гигант. Меѓутоа и тоа моментално не му е дозволено, со оглед на тоа што британската Влада сака да го спречи да оствари секаков вид на приход.