Минатиов петок на домашен терен освоени се нови три бодови и забележана е осмата победа во низа за Престон Македонија. На средбата за првиот гол не се чекаше долго и во шестата минута Весли Џобело ја затресе мрежата за 1:0. Ова водство траеше се до крајот на првиот дел, кога во 43 минута Арчи Мекфи импровизираше во казнениот простор и со пета изедначи на 1:1.
Осоколени во вториот дел гостите имаа иницијатива и неколку удари на голот кои беа непрецизни. Во 73 минута, при една убава акција и со асистенција на Конор Бел, топката стигна до Мати Вилан кој имаше лесна задача од непосредна близина да постигне гол за 2:1.
Во завршницата Џакоб Креснар во 90 минута постигна погодок за 3:1. Додека конечниот резултат го постави Мати Вилан во 94 минута за 4:1.
Помина половина од првенството и веќе се гледа кои се подобрите екипи во лигата, а Престон е втор со 27 бодови зад Мелбурн Виктори кој има 33 бодови.
Во петок, на 17 мај, Престон Македонија ја пречекува екипата на Булин Лајонс со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Мелбурн Виктори 33
Престон Македонија 27
Вестерн Јунајтед 23
Норткот Сити 23
Бентли 23
Лангварин 18
Брансвик Сити 16
Булин Лајонс 16
Џорџ Крос 15
Кинстон Сити 14
Мелбурн Сити 13
Истерн Лајонс 12
Вереби Сити 8
Норт Џилонг 4