Премиер лига на Викторија, 17 коло, Норткот Сити –Престон Македонија 1:1

Вечерен натпревар на кој имаше многу удари кон голот и многу необјасниви целосни промашувања. Двете екипи играа борбено и многу мала беше разликата во силите, впрочем тоа сликовито го прикажува и табелата во која се изедначени со бодови и само за еден гол е подобар Престон. За првиот погодок се чекаше до 35 минута кога капитенот Конор Бел направи брз контранапад и буквално сам го претрча скоро целиот терен за да ја затресе мрежата за 0:1. Ова беше неговиот осми гол оваа сезона.

Во второто полувреме изедначувањето го донесе Џејкоб Лива во 76 минута за 1:1. На крајот двете екипи мораа да се задоволат со поделба на бодовите и паѓање едно место подолу на табелата, бидејќи Вестерн Јунајтед ги прескокна заземајки го второто место.

Во понеделник, на 17 јуни, Престон Македонија гостува кај Кингстон Сити со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Мелбурн Виктори 35
Вестерн Јунајтед 33
Престон Македонија 32
Норткот Сити 32
Бентли 25
Булин Лајонс 24
Лангварин 24
Мелбурн Сити 23
Брансвик Сити 19
Кингстон Сити 18
Истерн Лајонс 18
Џорџ Крос 16
Вереби Сити 12
Норт Џилонг 10

Останати вести