Премиер лига на Илавара, 7 коло, Крингила Лајонс – Волонгонг Јунајтед 3:2

Минатиов петок се одржа македонското дерби во Илавара, на кое играа нашите два претставници – Крингила Лајонс и Волонгонг Јунајтед. Домаќинот беше поуспешен и извојува тесна победа во средбата полна со неизвесност и пресврти. Гостите  дојдоа до водство во 26 минута со голот на Самуел Матјус за 0:1. На тоа веднаш одговори Крингила Лајонс и во 30 минута преку Џастин Ивановиќ беше постигнат гол за израмнување од 1:1. Пред крај на првото полувреме Климе Секуткоски повторно донесе водство за Волонгонг Јунајтед од 1:2.

Во вториот дел од средбата иницијативата и головите беа од страна на домаќинот и со двата гола на Питер Симоновски во 59 и 68 минута беше решена средбата за победа на Крингила од 3:2.

Во сабота, на 27 април, Крингила Лајонс гостуваат кај Травана Блуз со почеток во 14:30 часот.

Следниот ден в недела, на 28 април, Волонгонг Јунајтед гостува кај Порт Кембла со почеток во 14:30 часот.

Останати вести