Минатата недела во Ресенско започна годинашниот јаболкобер. За жал скоро половина од годинешниот род ќе биде предаден како индустриско јаболко заради врнежите од град што во текот на годината зафатија дури 80 проценти од насадите во овој Преспа. Со цел да се ублажат загубите на овоштарите државата најави субвенција од плус три денари за индустриското јаболко.
– Од околу 4.500 хектари со јаболкови насади се предвидува род од 120.000 до 150.000 тони. За жал, поради лошите временски услови во Преспа, околу 80 проценти од овошните насади претрпеа штети од градот. Затоа се предвидува 60.000 до 70 000 тони да бидат предадени како индустриско јаболко. Во нашата Преспа јаболкото значи живот. Над 3.000 семејства се поврзани со јаболкото, од кои една половина директно зависи само од него, рече градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.
Миниситерот за земјоделство Хоџа најави дека македонското јаболко годинава ќе заврши и на украинскиот пазар, каде ќе се увезува без царина. Тој додаде дека во Ресен се поделени 2.000 картички за зелена нафта како дополнителна помош за земјоделците
Премиерот Заев рече дека оваа година, и покрај коронакризата и глобалната економска криза, државата исплатила субвенции за овоштарството во висина од околу 15 милиони австралиски долари.