Престон Македонија е меѓу клубовите што ќе ја формираат националната Б-лига

Preston Lions unveil electrifying third kit – Soccerscene

Фудбал Австралија (ФА) наскоро ќе објави кој клубови ќе ја формираат новата национална фудбалска Б-лига на Австралија, и од доверливи извори дознаваме дека меѓу ним е и нашата Престон Македонија.

Фазата за доставување документација заврши, а дознаваме дека осум се сериозни кандидати: АПИА Леикард, Сиднеј Олимпик, Сиднеј Јунајтед 58, Јужен Хобарт, Авондаел, Мелбурн Најтс, Престон Лајонс (Македонија) и Саут Мелбурн.

Фудбал Австралија има за цел да се формира лига од најмалку 10 екипи, и се разгледува моделот што ги пресликува националните премиер лиги. 

Во почетната фаза за пријавување интерес имаа 32 клуба од цела Австралија, секој изразувајќи интерес за учество во националното натпреварување.  

На крајот остана да се решава помеѓу желбата и реалните можности бидејки некои клубови немаа сила да достават се што се бара за потесниот круг, вклучително и информативен меморандум, финансиски прогнози, клучни услови од Договорот за учество на клубовите и нацрт-трансакциски документи за трошоци и обврски.

Втората национална лига сега се очекува дека може да биде малку одложена и да започне во 2025 година и ќе вклучува помеѓу 10 до 16 тимови со 24 до 36 натпревари во сезоната. 

Целосниот список од 26 клубови што  учествуваа во последната фазата по држави се:

Канбера:

1 Канбера Кроација

2 Гунгалин Јунајтед

Нов Јужен Велс:

3 АПИА Леикард

4 Фрејзер Парк

5 Маркони Сталионс

6 Рокдаел Илинден

7 Сиднеј Олимпик

8 Сиднеј Јунајтед 58

9 Сатерленд  / Кронала Шаркс

10 Волонгонг Вулвс

Квинсленд:

11 Бризбен Сити

12 Бризбен Јунајтед  (Винум Вулвс, Бризбен Страјкерс, Вирџинија Јунајтед ФК)

13 Голд Коуст Најтс

14 Голд Коуст Јунајтед

15 Олимпик

16 Саншајн Кост

Јужна Австралија:

17 Аделаид Сити

18 Фудбал Јужна Австралија

Тасманија:

19 Јужен Хобарт

Викторија:

20 Авондаел

21 Бранзвик Јувентус

22 Грин Гали

23  Хајделберг Јунајтед

24 Мелбурн Најтс

25 Престон Лајонс (Македонија)

26 Саут Мелбурн

Останати вести