Продолжен локдаунот во Канбера

Канбера го продолжи строгото заклучување за уште две недели, бидејќи главниот град на Австралија се обидува да го спречи зголемувањето на инфекциите предизвикани од високо заразниот делта сој на коронавирусот.

Голем дел од источниот брег на Австралија со недели е под строги ограничувања кои ја девастираат локалната економија, но случаите на новозаразени продолжуваат да растат, што ја натера Канбера да остане под блокада барем до 17 септември.

– Ја свиткуваме кривата надолу. Сепак, тоа е бавен процес и ќе потрае повеќе време, изјави за новинарите министерот задолжен за територијата на австралиската престолнина, Ендрју Бартолд.

Канбера во вторник пријави 13 нови случаи во изминатите 24 часа.

Нов Јужен Велс пријави 1.164 нови инфекции, нешто помалку од рекордните 1.290 случаи претходниот ден.

Канбера е во локдаун веќе три недели по ширењето на инфекцијата од Нов Јужен Велс.

Последното продолжување на заклучувањето во Канбера се очекува да биде проследено со сличен потег и во НЈВ.

Викторија, која  е во локдаун четири недели, во вторникот пријави 76 нови случаи, што е малку повеќе од 73 случаи пријавени претходниот ден.

Останати вести