Околу 2.000 демонстранти незадоволни од владиниот одговор на пандемијата на коронавирусот се собраа пред зградата на парламентот на Нов Зеланд, но не ја окупираа како пред шест месеци.
Многу демонстранти рекоа дека немаат намера да останат, а полицијата се погрижи да не ги блокираат улиците со подигање барикади и забрана да носат предмети во областа околу парламентот.
Претходниот протест предизвика значителни нарушувања во главниот град и заврши со хаос, бидејќи демонстрантите запалија шатори и фрлаа камења врз полицијата.
Овој пат имаше и контрапротест, неколку стотици луѓе се собраа пред парламентот. Двете страни извикуваа навреди, но кордон полицајци физички ги разделуваше.
Претходниот протест беше организиран поради задолжителната вакцинација против коронавирусот, бидејќи владата на Нов Зеланд првично бараше да се вакцинираат здравствените работници, наставниците, полицајците, пожарникарите и војниците.
Владата оттогаш ги отстрани повеќето од тие обврски, со исклучок на здравствените работници и ги укина барањата за луѓето да се вакцинираат за да посетуваат продавници и барови.
Граѓаните се незадоволни од справувањето со кризата на владата и актуелните правила, вклучително и од барањето луѓето да носат маски во продавниците.