Реал доби извинување од судиската организација: „ВАР згреши, нема да се повтори“

Реал Мадрид продолжи со одличните игри во шпанската Ла Лига. „Кралевите“ во вонредното десетто коло го совладаа Елче со 0:3, а во листата на стрелци се запишаа Валверде, Бензема и Асенисо, но овој меч ќе остане запаметен по несекојдневната ситуација.

На Реал му беа поништени три гола поради ВАР. Во мадридскиот клуб не можеа да поверуваат што се случува, а головите двапати беа поништени на Бензема и Алаба. Токму голот на Алаба е предмет на коментари во Шпанија, бидејќи на повеќето аналитичари не им беше јасно како можеше да биде поништен.

Откако пристигна и прецизна фотографија од спорниот момент, се огласи и фудбалската федерација на Шпанија, поточно Судискиот комитет и Судиската организација упатија извинување до Реал Мадрид.

„Му се извинуваме на Реал и на сите љубители на фудбалот. ВАР системот понекогаш е навистина тежок за проценка, некои одлуки се исклучително тешки.

По подолги прегледи и анализи, голот на Алаба беше поништен по грешка”, соопшти Шпанската фудбалска асоцијација.

Инаку, од Судискиот комитет и судиската организација во Шпанија изјавија дека максимално ќе работат на ВАР системот, за да не се случат слични грешки на следните натпревари.

Тие се свесни за фактот дека ВАР ги нервира фановите на фудбалот, но исто така забележуваат дека употребата на ВАР значително го има подобрено судењето на натпреварите.

Останати вести