Тежок пораз за „комитите“ на домашен терен во рамките на 2. коло од НПЛ Нов Јужен Велс, откако тимот на Рокдаел Илинден беше убедливо совладан од Маркони Сталионс со 1:4.
Натпреварот започна лошо за домаќините, кои уште во првото полувреме се најдоа во негатива од 0:3. Гостинскиот состав целосно го надигра Рокдаел и ја отвори својата серија во 20. минута преку Дамиан Цекенис. Само осум минути подоцна Џек Армсон зголеми на 0:2 (28’), а Цекенис со својот втор погодок во 35. Минута донесе убедлива предност од 0:3 пред паузата.
Во вториот дел Рокдаел Илинден се обиде да се врати во игра. Моуди Наџар во 50. минута намали на 1:3 и внесе краткотраен зрак надеж за домашните навивачи. Сепак, само шест минути подоцна, Марко Јесиќ ги постави конечните 1:4, ставајќи точка на натпреварот во 56. минута.
Во следното коло, во сабота на 21 февруари, Рокдаел Илинден ќе ја пречека екипата на Блектаун Сити со почеток во 19:30 часот.