Роналдо избега во Португалија за да договори сензационален трансфер!?

Првиот тренер кој собра храброст да го испрати Кристијано Роналдо на клупата е Ралф Рангник, по што Португалецот се чувствуваше засрамено. Реагираше шокантно, се качи на авион и замина во Португалија.

Роналдо кажа дека е целосно подготвен за предизвиците, иако Рангник ја послуша медицинската служба на тимот и реши да го остави на клупата за дуелот против Манчестер сити (Јунајтед загуби 4:1).

– Треба да им верувам на докторите. Тие ми кажаа дека Роналдо не е подготвен затоа што има проблеми со колкот, кажа Германецот.

Англиските медиуми пишуваат дека “второто пришествие“ на Роналдо во Јунајтед е при крај, односно се договара сензационален трансфер.

Како нов тим за Португалецот се споменува Интер Мајами, чиј газда е Дејвид Бекам, кој веќе ангажираше неколку поранешни европски ѕвезди во својата екипа.

Сепак, останува прашањето дали Роналдо сака да го напушти европскиот фудбал во година кога има Светско првенство.

Останати вести