Роналдо се врати во Манчестер, дресот со број 7 е зафатен

Кристијано по 12 години се враќа во клубот од каде започна неговото искачување кон фудбалските височини, но се чини дека сега ќе има една промена за разлика од првиот негов престој во дресот на „ѓаволите“ – бројот на грбот.

Од 2003 до 2009 играше за Јунајтед, па потоа направи трансфер во Реал Мадрид.

Наводно првиот настап на Роналдо за Јунајтд ќе биде а 11 септември против Њукасел.

Кога дојде на „Олд Трафорд“ од редовите на Спортинг Лисабон сакаше да го носи дресот со број 28 (истиот го носеше и во Лисабон), но Сер Алекс Фергусон го увери дека тој е вистинскиот наследник на Дејвид Бекам и Ерик Кантона, па дека треба да ја земе „седумката“.

Сега, по враќањето во црвениот дрес, Роналдо нема да може да игра со истиот број на грбот. Уругваецот Едисон Кавани ја има „седумката“, а според правилата на Премиер лигата, играчите не смеат да ги менуваат броевите во текот на сезоната, освен во два случаи:

првиот – играчот со тој број да го напушти клубот;

вториот – ПЛ да даде посебна дозвола за промена на број (тоа досега во историјата не се случило).Британските медиуми пишуваат дека Уригваецот останува во Јунајтед, а CR7 ќе може да одбира меѓу 12, 15, 24, 30, 31, 33, 35, 40…

Останати вести