Воените сили на САД, Филипините и Австралија започнаа со заеднички воени вежби на Филипините, најголеми во последните неколку децении.
Околу 12.200 американски војници, 5.400 припадници на филипинската армија и 111 Австралијци учествуваат на воените маневри наречени „Баликатан“ („Рамо до рамо“), кои се одржуваат секоја година.
Во вежбите ќе се користат американски воени бродови, борбени авиони, ракети “патриот“, ракетни фрлачи “химарс“ и противтенковски ракети “џавелин“, соопштија филипинските и американските воени претставници.
Маневрите „Баликатан“ почнаа еден ден по тридневната воена вежба на Пекинг. Кина минатата недела објави дека зголемувањето на американското воено присуство во регионот води само до поголеми тензии.
Воените вежби ќе траат до 28 април.