Саудиска Арабија ги интензивирала егзекуциите во 2021 година

Саудиска Арабија во првата половина од оваа 2021 година ги засилила егзекуциите, по нивниот пад во 2020 година, годината кога оваа земја претседаваше со Г20, наведува британската организација за човекови права Амнести интернешнл.

Амнести  објави дека Саудиска Арабија од јануари до јули 2021 година погубила 40 лица, што е повеќе од цела мината година.

Во 2019 година Саудиска Арабија погуби рекордни 185 лица, државната комисија за човекови права во јануари јави дека кралството го намалило бројот на егзекуции за 85 проценти во 2020 година од претходната година, на 27.

Амнести тврди дека егзекуциите продолжиле веднаш откако Саудиска Арабија го предаде претседателството со Г20 на Италија, додека само во декември 2020 година беа извршени девет смртни казни.

 Според АИ, егзекуциите се случиле по пресуди во „целосно нефер судења, што се одбележани со наводи за тортура во притвор и принудни признанија, кои не се систематски истражени од службениците“.

Според АИ, зад решетки се наоѓаат најмалку 39 лица обвинети за активизам, кои работат на заштита на човековите права или изразување несогласување во Саудиска Арабија.

Останати вести