Седум насоки на бугарската влада во односите со Македонија – нема временска рамка за решавање на спорот

Новата бугарска влада доби седум точки по кои мора да се раковиди во односите со Македонија, а црвените линии за тоа и се исцртани во Договорот за добрососедство од 2017, Рамковната позиција од 2019 и Декларацијата на 44. бугарско Собрание.
Консултативниот Совет за национална безбедност на Бугарија по петчасовно заседавање ги реафирмира условите без чие исполнување Софија нема да даде зелено светло за старт на преговорите на Европската унија со Македонија.
Заклучоците на Советот по прашањето на Македонија ги соопшти бугарскиот претседател, Румен Радев кој, меѓу другото, соопшти дека бил постигнат консензус – решавање на спорот со Македонија да не смее да има временска рамка.

Давањето на согласнот за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ да не се врзува со рокови, туку со постигнување на реални резултати, вклучитено морам да подвлечам, и по однос на правата на македонските Бугари, изјави Радев по состанокот на државниот врв на Бугарија.

Радев како прво за што бугарската држава нема да први компромис ги издвои правата на Бугарите во Македонија и нивното впишување во македонскиот Устав. Притоа изјави дека Бугарија никогаш не го спорела или негирала правото на самоопределување и јазикот кој го користат граѓаните на Македонија.
Меѓу седумте точки по кои бугарската влада треба да се раководи во односите со Македонија се и спроведување на Договорот за добрососедство, изработка на акциски план со мерки за постигнување видлив напредок во сите области од билатералните односи, формирање на заеднички работни групи со Македонија во области согласно Договорот, целосна реализација на Коридорот 8 што би опфатило инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување од Бугарија до Албанија, како и воспоставување на структуриран дијалог и работни групи и меѓу собранијата на двете држави.
Радев притоа соопшти дека решавањето на политичките прашања меѓу двете земји, ќе даде импулс на придвижување на другите прашања меѓу Бугарија и Македонија.
Иако во заклучоците на Советот за национална безбедност на Бугарија не се директно споменати историските прашања и барањето за признавањето на бугарските корени на македонската нација и јазик, инсистирањето на почитување на Рамковната позиција и Декларациијата на бугарскотот собрание јасно укажува дека тие остануваат како бугарска позиција во односите кон Македонија.
На состанок на државниот врв на Бугарија било отворено и прашањето зошто бугарскиот премиер Кирил Петков прв доаѓа во посета на Македонија, наместо новиот македонски премиер прв да ја посети Софија. Петков тоа го објаснил како израз на добра волја од негова страна. Но посетата на Македонија, што беше закажана за 18 јануари, е одложена на неодредено време бидејќи премиерот Петков е во изолација откако беше соопштено дека со корона е заразен претседателот на бугарското Собрание.

Останати вести