Сензационални најави за Алкараз: Шпанецот во иднина ќе освои календарски слем

Златни години се пред Карлос Алкараз, барем така тврди некогашниот тениски ас Џо Мекинро.

Човекот кој некогаш беше број 1 во тенисот верува дека шпанскиот тенисер е роден да биде број1 во иднина и верува дека Алкараз ќе ги освои сите гренд слемови.

Низ оваа генерација на играчи, односно во оваа ера, најуспешни беа Роџер Федерер, Рафа Надал а сега и Новак Ѓоковиќ, а полека но сигурно, доаѓа нова ера, со нови ликови, генерација која скоро извесно ќе биде предводена од Карлос Алкараз.

– Би бил изненаден доколку Алкараз во иднина не ги освои сите четири гренд слемови во една година. Мислам дека Карлоз нема да има проблем, неговиот потенцијале огромен, тој ќе дојде до 10 трофеи без проблем, а потоа ќе видиме до каде може да оди. Тој игра доста дроп шотови, често излегува на мрежа за разлика од останатите.

Младите тенисери би рекле, ако е тој прв во светот со ваква игра, ќе треба да пробаме и ние. Алкараз ќе биде дел од една нова успешна генерација, но не знам кој ќе биде тука со него, веројатно и Холгер Руне, можеби и Данил Медведев, истакна Џо Мекинро.

Останати вести