Со симболичното предавање на клучот и власта на карневалџиите, почнаа карневалските празнувања во Струмица кои ќе траат седум дена. Заради пандемијата ова манифестација не се одржуваше две години.
Градоначалникот Костадинов вели дека клучот кој го предава на карневалистите значи отвореност и гостопримство на Струмица.

Струмичкиот карневал годинава одбележува и 30 години во ваква организирана форма. Од таа причина беше промовирана монографијата за ова манифестација која опстојува со векови насловена како „Струмичко чудо“ од авторите Катерина Милушева и Александар Цицимов.
Монографијата го отсликува растежот на струмичкиот карневал за кој се вели дека е стар 400 години.
Големото карневалско дефиле во Струмица се одржа во саботата. Заради пандемијата бројот на учесници беше редуциран на само околу илјада. Учествуваа 23 карневалски групи од земјата, но и три од соседството: од Лесковац (Србија) и од Кукуш и Солун, од Грција.
Како гости беа и 30 претставници од бордот и националните претседатели на федерацијата на европските карневалски градови.
