Се зголемува илегална емиграција во ЕУ, западнобалканската рута три пати пофреквентна а спречувањето послабо

Во првите пет месеци од 2022 година, најактивните миграциски рути кон ЕУ биле Западен Балкан, Медитеранот и Источниот Медитеран – покажуваат прелиминарните податоци на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).
Од јануари до мај се регистрирани 86.420 нелегални влегувања во Европската унија, што е за 82 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021 година.
Во мај годинава Фронтекс регистрираше околу 23.500 нерегуларни гранични преминувања, што е за 75% повеќе од мај 2021 година.
На западнобалканската рута имало 40.675 илегални премини, што е половина од вкупниот број евидентирани нелегални гранични премини со ЕУ. Тоа е речиси три пати повеќе отколку во истиот период лани.
Овој пат најчесто го избираат Сиријците и Авганистанците. Повеќето од откриените луѓе оделе преку западнобалканската рута некое време пред да се обидат да се приклучат на ЕУ, се вели во извештајот на Фронтекс.
Рутата на Западен Балкан е една од главните миграциски рути кон Европа, што го одразува приливот во источниот медитерански пат. По рекордниот број пристигнувања во ЕУ во 2015 година, бројот на илегални мигранти кои се одлучија за оваа рута постојано се намалуваше до 2019 година, кога повторно почна да расте.

Останати вести