СЕ ОДРЖА ТРЕТИОТ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ: СИДНЕЈ ВО ЗНАКОТ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА 

Повеќе од 65 штандови, традиционална македонска храна, фолклорни настапи и жива музика го исполнија Бартон Парк во Рокдејл, каде Македонците и нивните пријатели се собраа на целодневна прослава на македонското културно наследство

Минатава недела, во Бартон Парк во Рокдејл се одржа третиот Македонски фестивал во Сиднеј, кој привлече бројни посетители од македонската заедница и пошироката австралиска јавност.

Screenshot

Фестивалот понуди богата програма од 10 до 19 часот, со македонска музика, традиционални ора, фолклорни настапи, гастрономски специјалитети и активности за најмладите. Посебно внимание привлекоа повеќе штандови со традиционална храна, домашни печива, бурек, скара, слатки и производи од локални бизниси.

Screenshot

Свеченото отворање го водеше Џошуа Шерман, а присутните ги поздрави претседателот на Австралиско-македонскиот совет на Нов Јужен Велс (AMC), Рубинчо Нескоски. На настанот присуствуваа премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, министерот Стив Кампер, амбасадорот на Македонија во Австралија, Стојанче Китановски, и градоначалничката на Бејсајд, Кристина Кари.

Културно-уметничката програма ја одбележаа настапите на македонските друштва од Сиднеј, Волонгонг, Канли Вејл и Квинбијан. Пред публиката се претставија МКУД „Македонски Бисери“, „Илинден“ – Сиднеј, „Македонка“, „Разиграна Македонка“, „Илинден“ – Западен Сиднеј и „Вардар“ – Банкстаун.

Настапија и децата од Македонската игротека „Сонце“, како и учениците од македонските училишта во Јагуна, Бонириг, Пикхерст, Силванија, Рокдејл и Карлтон, демонстрирајќи ја посветеноста на младите генерации кон македонскиот јазик и традиција.

Screenshot

Музичкиот дел го збогатија Ѓорѓи и Тале со гајда и тапан, Марјан Толевски, браќата Тапанџија, „Амити бенд“, Ансамбл „Илинден“, Гоце Петрески Бананата, „Деспина бенд“ и Соња Динамит со „Балканика бенд“, кои ја одржуваа фестивалската атмосфера до вечерните часови.

За најмладите беа организирани посебни активности и простор за игра, а дел од содржините беше и младински фудбалски натпревар.

Screenshot

Организатор на фестивалот е Австралиско-Македонскиот совет на Нов Јужен Велс (AMC), неполитичка организација која работи на поддршка на македонската заедница и зачувување на нејзиното културно и историско наследство.

Третото издание на фестивалот уште еднаш ја потврди потребата на ваквите манифестации за поврзување на Македонците во Австралија и пренесување на традициите на помладите генерации. Преку песната, орото, храната и заедничкото дружење, македонската заедница трееба да продолжи да го негува својот идентитет и да го претставува македонското културно богатство пред австралиската јавност.

Screenshot
Screenshot
Screenshot
Screenshot
Screenshot

Останати вести