Официјално беше отворен реновираниот стадион на Сиднам Парк Македонија, од локалната парламентарка Натали Хатчинс и градоначалничката Ранка Расиќ. Стадионот на Сиднам Парк во Keilor Lodge Reserve, сега има два терени со полна голоемина и доби осветлување за вечерни натпревари.
Подобрувањето на стадионот беше финансирано со еден милион долари од општина Бримбанк и половина милион од владата на Викторија.