Силјановска: Нема да кажувам „Северна“, ќе ги чекам последиците

Гордана Силјановска-Давкова пред 8 мај во повеќе наврати кажуваше дека нема никаква намера да вели „северна“ пред зборот „Македонија“. Така и стоеше и во изборната програма.
Додава дека нема намера да ги симнува постоечките табли на институциите и ќе ги потпишува официјалните документи со новото уставно име „но лично никаде нема да го употребувам зборот северна и да ги видиме последниците“.
Противкандидатот Стево Пендаровски велеше дека таа приватно може да кажува како сака, но во официјални настапи е должна да го користи новото уставно име. Во спротивно веднаш ќе следат протестни ноти не само од Грција туку и од ЕУ.
Новоизбраната претседателка вели дека на сите такви забелешки таа ќе им зборува на европските партнери за почитување на Копенхашките критериуми и ќе види какви ќе бидат последиците за македонската држава, затоа што не може однапред да се каже.

Останати вести