Сиљановска Давкова му го предаде мандатот на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски на 6 јуни го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Има рок најдоцна до 26 јуни пред Собранието да го достави на гласање списокот за новата Влада.

Претседателката рече дека е убедена во можноста Мицкоски да состави влада, затоа што новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, бил изгласан со 76 пратенички гласа.

Мицкоски, пак, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ веќе начелно ја договориле распределбата на ешалоните и најави дека порано ќе ја презентира Владата.

Како иден премиер најголем предизвик ќе му бидат „здравство во кое нема да се умира во чекалници, испечатени учебници, дипломатија со интегритет и сузбивање на корупцијата и уличниот криминал“.

Останати вести