Скоро цела Австралија сега е лабуристичка: Крис Минс е новиот премиер на НЈВ

Како што се очекуваше на изборите во НЈВ, минатава сабота, лидерот на лабуристите Крис Минс стана новиот премиер, откако ја порази Коалицијата во вистински изборен масакр, особено во западните делови на Сиднеј. Во Австралија многу тешко е една партија да се задржи повеќе од три мандати на власт, а либералите беа 12 години во НЈВ.
Минс влезе на изборите со 36 места и требаше да освои 11 за да владее целосно – а вечерта до 21 часот тој веќе ги имаше потребните 47. Се очекува дека владата на Минс ќе има комфорно мнозинство од 55 пратеници во парламентот со 93 места. По официјалното признавање на поразот Доминик Пероте најави дека веднаш се повлекува од лидерската позиција на либералите во НЈВ.
Со оваа победа сега лабуристите се на власт речиси насекаде во Австралија – покрај на федералното ниво и во сите држави и територии – а либералите се останати на власт само уште во Тасманија.

Останати вести