Владата во вторникот доби правен совет од канцеларијата на главниот правобранител Стивен Донахју, вториот највисок судски службеник во земјата, за законитоста на постапките на Морисон со која е ослободен од вина.
Поранешниот прајминистер Морисон не го прекршил законот со неговото прибирање на министерската моќ, но неговата тајновитост „фундаментално ги поткопува“ принципите на одговорна влада, вели правниот совет.
Австралискиот прајминистер Ентони Албанезе посочи дека владата размислува да започне реформи за да се осигура дека таквата практика нема да се повтори.
За време на пандемијата Морисон, кој се повлече од функцијата лидер на Либералната партија по поразот на федералните избори во мај, положил тајна заклетва во пет клучни министерства. Неговите постапки предизвикаа критики од владата на лабуристите, како и од поединци од неговата партија. Поранешниот прајминистер се брани велејќи дека чувствувал оти одговорноста за нацијата за време на пандемијата е целосно негова.