Спалети е нов селектор на Италија

Италијанскиот фудбалски сојуз и Лучијано Спалети постигнаа договор за преземање на селекторската функција, откако претходно Роберто Манчини поднесе оставка.

Спалети минатата сезона со Наполи го освои италијанското првенство, а веднаш потоа го напушти клубот! Тој е поранешен тренер и на Рома и Интер, а ќе потпише тригодишен договор како селектор.

Италија, предводена од претходниот селектор Манчини, ја освои титулата европски првак во 2021 година, но ги пропушти последните две светски првенства. Во продолжение на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година во Германија, кои се во тек, Италија треба да ѝ гостува на Македонија (9 септември), а потоа во Милано да ја пречека Украина (12 септември). Италијанците по два одиграни меча во овие квалификациите за ЕП 2024 се на третото место во групата Ц, со три освоени бода.

Останати вести