Четиричлено семејство од Перт кое со денови беше заглавено во пустина на југот на Австралија е спасено. Линзи и Ори Заврос и нивните деца Зои и Зејн останале заглавени по обилните дождови и поплави, а од најблискиот град биле одалечени 150 километри. Минатиот петок повикале помош, но им било кажано дека спасувањето може да потрае неколку недели, поради големите поплави кои ја погодија таа област. Бидејќи во меѓувреме се најавуваа високи температури, во оддалеченото подрачје е испратен хеликоптер, со кој семејството е пренесено на безбедно место. По пристигнувањето во далечниот Бирдсвил во Квинсленд, семејството Заврос, кое со комбе патува низ Австралија заедно со две деца, минатиот четвртокот објави фотографија на Инстаграм. „По три дена возење успеавме! Стигнавме во пустината Симпсон“ – напиша семејството во описот под фотографијата.
Меѓутоа, токму во оваа пустина Ориос и Линдзи и нивните деца Зои и Зејн – беа заглавени шест денови, откако нивното комбе стана заробено во калата после поројните поплави. По испратениот повик за помош во петок наутро, веднаш е испратен авион да достави потребни намирници на ова семејството од Перт.
Тие добиле храна, вода, колачиња и пелени, но и писмо од родителите на Ориос. Полицијата и спасувачките служби почнаа со спасување во деновите кои следеа, односно штом се подобрија временските услови. Иако се разгледувала опцијата семејството да се извлече оттаму со авион, претпочитана опција била нивниот кампер да се извади од калта за да можат сами да излезат – но условите не биле доволно добри. Напорите на спасувачите на копно биле отежнати поради лошите временски услови, а во полициските изјави се проценувало дека семејството може да остане заглавено со недели.
Студениот фронт одговорен за обилните врнежи ја погоди Јужна Австралија минатата седмица, носејќи силни ветрови и речиси рекордно количество дожд.