Стадата овци од бачилата на Шара и Бистра го почнаа своето патешествие до Повардарието

Стада овци, кои кон крајот на мај се искачија во планинските бачила, со доаѓањето на постудениот период тргнаа на долг пат кон пониските предели, каде зимите се поблаги и нема големи врнежи од снег.

– Традиционално околу 25 октомври стадата овци кои изминатите пет месеци престојуваа во бачилата во Западна Македонија, тргнаа на долгиот пат и се упатија во зимските престојувалишта во Повардарието и во помал број во Пелагонија. Патот од Бистра, Шар Планина и Стогово до последната одредница во Неготинско-кавадаречкиот регион траат околу две до три недели. На стадата овци друштво им прават кучињата шарпланинци, натоварените коњи со храна за кучињата и овчарите и, се разбира, самите овчари, вели за “Канал5“ телевизија Мефаил Ајрадини, сопственик на стадо овци, кој со децении се занимава со сточарство.

Тој посочи на проблемите со кои попатно се соочуваат. Овчарите, фокусирани на движењето на стадото по патиштата и речиси без подолг сон го поминуваат овој пат, бидејќи ноќеваат каде ќе ги стемни а попатно може да заврне дожд, снег или да ги фати поголемо невреме.

– Нашата работа е многу специфична, бидејќи независно од времето мораме да бидеме крај стадото овци и будно да го следиме нивниот пат. Се движиме и по планини и густи шуми, што е причина стадата да бидат изложени на опасност од волци.

Останати вести